Учениците и вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа Светскиот ден на храната со традиционалниот саем на храна кој што се одржа во фоајето на центарот за култура „Антон Панов“.
На повеќе штандови беа изложени прекрасно аранжирани свежи производи и нивни преработки.
Посетителите беа воодушевени од понудата и купуваа од изложените производи, а средствата собрани од продажбата ќе бидат искористени во хуманитарни цели.
На саемот присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на истиот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.