Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ученици од средното училиште „Димитар Влахов“ – Струмица престојуваа на практична работа во Бугарија

Група ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, заедно со своите професори, престојуваа на повеќедневна практична работа во Сандански, Република Бугарија. Во рамките на овој проект од Еразмус + Програмата со поддршка на директорот Димитар Ѓорѓев и под водство на нивните професорите-ментори како и проект менаџерот Зоран Ристов-Патриков, учениците беа во можност да се стекнат со неопходните практични вештини за да бидат полесно и побрзо имплементирани на пазарот на трудот.

Заедно со партнерот IVEM LIFE LTD се развива програма за различни практитки во Бугарија, што е во согласност со наставната програма на СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица и вклучува стекнување искуство во модерна и успешна био-фарма која развива автоматски системи, модерни техники и алатки, искористувајќи иновативни пристапи во растителното производство и сточарството, како и со богато искуство во агроекологијата и винарството.

Од училиштето велат дека целите на проектот се надградување на знаењата, практичните способности и професионалните компетенции на учениците, подобрување на капацитетот на училиштето преку зајакнување на воспоставено меѓународно партнерство, трансфер на добри практики во стручна обука, поттикнување во развојот на европскиот простор за учење во текот на животот и подигање на свеста во врска со ова прашање, со цел да се поддржи модернизацијата на системите за образование и обука во аграрниот сектор.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.