Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица ќе стекнуваат практични вештини во Бугарија

Четиринаесет ученици од I и II година од земјоделско-ветеринарната струка од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, заедно со професорите Зорица Паликарова и Нада Николова, заминаа за Република Бугарија.

Во текот на нивниот 15 дневен престој, учениците ќе се стекнат со практични вештини од делот на органското земјоделство, агроменаџментот, винарство, сточарско производство и делот на производство и преработка на млеко и млечни производи.

Овие практични вештини се дел од проектот „Agribusiness – The road to development“  2018-1-MK01-KA102-046855, кој е финасиски поддржан од програмата „Еразмус +“ на Европската Комисија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.