Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ученици од СОУ „Јане Сандански“ на Турнирот на шампионите на Светскиот куп во САД

Тимовите ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, заедно со професорите веќе се пристигнати во Њујорк, САД и почнаа со редовните активности од учеството на Турнирот на шампионите на Светскиот ученички куп.

Ова е финалната рунда од Светскиот ученички куп и сениорските натпреварувања ќе траат до 21-ви ноември. Учениците се квалификуваа за финалната рунда преку квалификациите во Струмица и полуфиналната рунда во Барселона, Шпанија.

Минатата година ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова се квалификуваа на финалната рунда од овој натпревар на Јејл Универзитетот во Њујорк, од каде се вратија со 4 златни медали.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.