Ученичките Верица Ахтарова, Викторија Даниловска, Ивана Трајковска, Миа Јанева и Наталија Ристова од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, под менторство на проф.Македонка Манушева, беа на иновативен камп во Скопје – дел од тимовите кои освоија второ и трето место на предизвикот за иновативни решенија.
Тимот 19, во кој учествуваше и ученичката Ивана Трајковска, го освои второто место. Решението за нивниот предизвик е платнена подлога која со помош на паметни чипови ќе го следи седењето на луѓето и ќе има за цел да помогне во поправање на неправилното седење.
Третото место на натпреварот го освои тимот 21, составен од ученици од Куманово, Скопје и Дебар, меѓу кои и ученичката Верица Ахтарова. Тие се претставија со идеја за столче што ќе работи на струја, погодно за сите временски услови и за транспорт, така што луѓето ќе може да носат работи со себе а може да помогне и на лица со телесен инвалидитет.
На кампот учествуваа 110 средношколци од 13 градови од земјата, кој е во организација на Џуниор Ачивмент Македонија. Учесниците работеа со помош на бизнис волонтери и примена на своите претприемачки вештини, барајќи иновативни решенија за бизнис-предизвици.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.