Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Убедлива победа на ЖРК „Струма – Геотермика“ во второто коло од Женска кадетска лига на Македонија

Ракометарките на ЖРК „Струма – Геотермика“ извојуваа убедлива победа над противникот од второто коло од Женската кадетска лига на Македонија, ЖРК „Овче Поле“ со резултат од 23:19 (13:5).

Ова, како што изјавија од клубот е втора очекувана победа, со движење на резултатот и до 9 голови разлика, а победата не беше доведена во прашање ниту во еден момент.

На натпреварот највпечатливи беа капитенот Сара Стојанова со постигнати 11 гола, средниот бек Добрица Милчевска со постигнати 7 гола, како и голманот Марија Грковска со 12 одбрани, а пофалби од тренерскиот состав за борбената игра и прикажаната зрелост пристигнаа на адреса на сите девојчиња од составот на „Струма – Геотермика“.

„Голема благодарност до нашиот генерален спонзор ГЕОТЕРМИКА од Струмица без кој ова задоволство немаше да го доживееме. Благодарност и до публиката која на секој наш натпревар е во се поголем број. Оваа генерација со просек 2002-ра година се натпреварува во категорија од 2004-та година ветува доста и се надеваме наскоро за 2-3 години дека Струмица ќе има една сопствена суперлигашка екипа. Борбата продолжува нема опуштање, не очекуваат потешки натпревари.“, истакнаа првите луѓе на клубот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.