По повод 24-ти мај – Денот на словенските просветители и 25-ти мај, патронот на училиштето, во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица по деветти пат се одржа отворен турнир во пинг понг за основни и средни училишта.
Наградени беа следните ученици: во категорија машки, првото место го освои Кенан Асанов од ООУ „Маршал Тито“ – Струмица; второто место Борис Секулов од ООУ „Сандо Масев“ – Струмица и третото место го освои Томе Милев од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица.
Во женска категорија, првото место го освои Гордана Вангелова од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, второто место Александра Томова од истото училиште и третото место Ангела Атанасова од ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица.
Реализацијата на турнирот беше под покровителство на општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.