На 22.06.2019-та година (сабота) на плоштадот „Гоце Делчев“ – Струмица, со почеток од 12 часот ќе се одржи трка под мотото „Трчаме заедно за Томе“, во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ – Струмица, со цел собирање финансиски средства за негово лекување. Учеството на трката изнесува 100 денари. Нему му се потребни 160.000 евра.
Томе Јанев е младо момче (29 години) од Струмица, кое неодамна се соочи со дијагноза, болест на моторниот неврон или ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis). Тој беше активен фудбалер од својата најрана возраст во македонските клубови „Силекс“, „Брегалница“, „Кожуф“, „Хоризонт Турново“ и матичниот клуб „Беласица“.
Болеста е во почетна фаза, но доколку не му се помогне навреме, последиците од неа може да бидат катастрофални, преку целосна атрофија на мускулниот систем. Надеж за подобрување на неговата состојба има преку лекување и терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години. Сите кои сакаат да донираат тоа можат да го направат по телефон со донирање 100 денари на Телеком – 143 454 и Вип – 143 502; на денарска сметка – Томе Јанев 210-5017071183-75 НЛБ Банка; на девизна сметка – Tome Janev MKD7210501707118375 NLB Banka AD Skopje Makedonija SWIFT: TUTNMK22 и онлајн на следниот линк .







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.