Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Тешко повредена жена при судир на два автомобили

На 14.07.2019-та година во 15:45 часот на крстосницата од локалните патишта за село Габрово – село Банско и село Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Галакси“ со германски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(47) од Струмица и патничко возило „Пежо 307“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(27) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила една од сопатничките во возилото „Форд Галакси“, која била пренесена во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.