Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Телото пронајдено во браната Турија е на Ристо Иљашев кој бил свирепо и подмолно убиен од М.В. и фрлен во водите на акумулацијата во метално буре

Како што извести СВР Струмица, за телото кое пред некој ден беше пронајдено во водите на браната Турија крај Струмица, по извршената обдукција, утврдено е дека се работи за Ристо Иљашев по кој се трагаше како исчезнат.

По превземените опсежни активности и истражни мерки и врз основа на прибраните материјални докази СВР Струмица на 16.05.2019 година до надлежното обвинителство поднеле кривична пријава против лице со иницијали М.В. (52) од с.Добрејци, Струмица, за извршено кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 т.1 од Кривичниот Законик, отворена е истрага бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот на 07.05.2019 година на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Иљашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството. Истиот ден Судија за Претходна Постапка во ОС Струмица на осомничениото лице му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

По наредба на јавен обвинител биле превземени повеќе дејствија, извршени биле претреси на повеќе локации, организирана е опсежна потрага по исчезнатото лице особено во реонот на браната Турија, каде е забележано возилото на осомничениот. Обезбедени се и други материјални докази. Дополнително во работилницата сопственост на осомничениот во село Добрејци пронајдени се биолошки траги кои потекнуват од жртвата.

Осомничениот М.В. кривичното дело го извршил на начин што го искористил долгогодишното познатство со оштетениот Ристо Иљашев и на подмолен начин го лишил од живот, при што трагите од извршениот грозоморен чин се обидел да ги сокрие на начин што телото на жртвата го ставил во метално буре и го потопил во водите на вештачкото езеро „Турија“ во Струмица. По наредба на јавен обвинител, беше извршена ДНК анализа со која се утврди дека починатото лице е исчезнатиот Иљашев. ОЈО Струмица нареди обдукција на починатото лице, вештачење на неговата облека и на предметите пронајдени во бурето. СВР Струмица продолжува со превземањето на активности до целосно расветлување и документирање на случајот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.