Регионалната телевизија „ВИС“ со седиште во Струмица денес слави 28 години од своето постоење.
Телевизијата е формирана во 1991-ва година. Сиве овие 28 години телевизијата се води од мотивот „во ВИС е ВИСтината“.
ТВ Канал ВИС како најстара приватна телевизиска куќа во Р.Македонија и мошне респектабилна на локално, регионално и државно ниво, емитува програма за повеќе од 150 000 потенцијални гледачи на територијата на Општините Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Валандово, Гевгелија, Богданци и Дојран.
Сигналот се емитува слободно терестеријално, а дигитално-оптички не реемитуваат кабелските оператори Телекабел, Кабелнет и MAX TV.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.