Течат последните подготовки пред прием на 86 дечиња во градинките во населените места Куклиш и Муртино.
Потребниот инвентар е набавен и по добивањето на решението за вршење дејност од Министерството за труд и социјална политика, градинките ќе бидат ставени во функција.
Истовремено, се врши реновирање на Клон 4 и течат подготвителните активности за изградба на новата градинка во поранешната касарна со капацитет од 250 до 310 деца, а за која средствата се одобрени.
Со овие зафати го решаваме проблемот со недостаток од капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст во нашата Општина.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.