Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Тампонирање на полски патишта на осум локации во општина Струмица

Во завршна фаза е тампонирањето на полски патишта, на осум локации низ општина Струмица, а една од нив во населеното место Дабиле, ја посети и градоначалникот Коста Јаневски.

Тампонирањата се вршат во атарите на населените места Дабиле, Муртино, Просениково, Добрејци, кои поврзуваат и други, како Муртино – Сачево, Дабиле – Просениково  – тоа е еден пат кој што општината планира понатаму да биде и асфалтиран. Вкупната должина е 6 километри.

Ова е само почеток, истакна Јаневски, со надеж дека се разбра потребата од тампонирање на ваквите патишта и дека таа ќе се развива во наредниот период. Некои од овие патишта, понатаму во нашите проекти за развој на нашата општина, се потенцијални патишта кои можат да прераснат во сообраќајници со комплетно уреден и асфалтиран пристап, пред се за поврзување меѓу две населени места и полесна комуникација меѓу луѓето – додаде Јаневски Јаневски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.