Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Свечено промовирана продавницата за здрава храна „Purgatorio“ во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица

Продавницата за здрава храна „Purgatorio“ беше свечено промовирана. Оваа идеја е на пет средношколки од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, каде и ќе работи оваа продавница.

Продавницата официјално треба да започне со работа на почетокот на март годинава и е исход на успешното залагање на петте средношколки, како и персоналот во училиштето.

Целта на оваа идеја е учениците но и сите граѓани на Струмица да стекнат навика за здрава исхрана. Тие првично добија парична помош од 2.000 евра од УНИЦЕФ. За целосната реализација на проектот потоа помогнаа и општина Струмица, неколку добронамерници од Струмица и земјава, како и неколку приватни фирми.

Идејата за оваа продавница, ученичките: Миа Јанева, Викторија Даниловска, Верица Ахтарова, Ивана Трајковска и Лина Стојанова, под менторство на професорките Менче Џорлева и Македонка Манушева, ја претставија на up-shift работилница за социјално претприемништво, која се одржа во Маврово минатата година, во конкуренција со околу стотина други идеи на средношколци од цела Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.