Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Свечено пречекани и дечињата во градинките во Струмица

Во свечена и пријатна атмосфера во сите клонови на градинката „Детска радост“ денеска беа пречекани дечињата кои и досега престојуваа, но и тие кои за прв пат влегоа таму.

Срдечно добредојде на сите нив им посака директорот Васил Бубев на свечениот прием во дирекцијата на градинката, а на кој присуствуваа претседателот Марјан Даскаловски и членови на Советот на општина Струмица.

„Ќе се потрудиме со сите сили и можности да им обезбедиме на дечињата да се чувствуваат како во нивната домашна атмосфера и да се стекнат со сите знаења кои што се за нивната возраст и да им овозможиме од нашата институција да излезат подготвени и да продолжат во основното образование“ – рече Бубев.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.