Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Свечена програма за првачињата од Струмица

Денеска во Дом на АРМ во Струмица се одржа свечена програма за првачињата. Првиот училишен ден на првачињата им го честиташе градоначалникот на општината Коста Јаневски, кој присуствуваше заедно со дел од Советниците од Советот.

Јаневски на првачињата им посака многу успех во учебната година и им порача дека со почетокот на нивното образование полека ќе им се отвораат вратите кон многу можности во иднина, со надеж дека тоа ќе им носи само успеси.

Инаку првачињата во Струмица традиционално секоја година имаат свечена програма по повод тргнувањето в училиште.

Само за потсетување, годинава во Струмица се запишале вкупно 560 ученици во прво одделение, што е повеќе од лани. Од нив 461 ученик се запишале во матичните основни училишта, а останатите 99 во подрачните.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.