Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Свечена приредба за првачињата во Струмица

За успешен нов почеток на првачињата од општина Струмица денеска им беше приредена свечена приредба во Дом на АРМ, на која беа присутни и нивните најблиски, како и градоначалникот – Коста Јаневски.

Тој им посака да бидат секогаш послушни, добри и вредни ученици. Внимателно да ги следат нивните учители во нивното несебично дарување на знаењата, да бидат активни и отворени на секој час и секогаш да ги извршуваат нивните училишни и домашни задачи. Бидејќи, само така ќе напредуваат во нивното образование и ќе си ги отворат убавите патиштата на животот.

Јаневски при вчерашната посета на основните и средните училишта во општина Струмица изјави дека се е подготвено за успешно започнување на новата учебна 2019/20 година.

За новата учебна година, општина Струмица за првпат од својот Буџет издвојува средства за ужина на учениците од основното образование во висина од 2.022.440 денари и 600.000 денари за набавка на училишен прибор за учениците од основното образование од социјално загрозените семејства. И годинава општината обезбеди 650.000 денари за училишни униформи за сите ученици од прво одделение –истакна Јаневски.

Во новата учебна 2019/2020 година во прво одделение во основните училишта запишани се вкупно 531 ученик, од кои 451 во општинските и 80 во подрачните училишта.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.