Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичките пожарникари се реобучуваа за пружање прва помош

Како резултат на долгогодишната соработка помеѓу Територијална против пожарна единица Струмица и Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Струмица, изминатата недела, од 7. до 10. Октомври 2019, се организира четиридневна обука по прва помош, присуство земаа 36 пожарникари.

Целта на овие обуки беше да се освежи досегашното стекнато знаење за давање на прва помош на повредени при сообраќајни несреќи и други елементарни непогоди, каде пожарникарите од Струмица секогаш најпрви реагираат.

Обуките се одвиваа во простотриите на ТППЕ Струмица, пожарните даваа и примери од ситуации во коишто се затекнале на терен, кое што допринесе за одлична соработка и комуникација помеѓу присутните и демонстраторот по прва помош, Танкица Стојанова.

Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и ги зголемува шансите за преживување во настанатата ситуација во која животот на поединец или на група луѓе е во опасност.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.