Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичките пожарникари ги запознаваат децата од градинките со опремата на противпожарните возила

Во рамките на воспоставената соработка меѓу Територијалната професионална противпожарна единица од Струмица и градинката „Детска радост“, деновиве, пожарникари од единицата со дел од опремата, ги посетуваат клоновите на градинката.

Тие ги запознаваат дечињата со работата на пожарникарите, со опремата на противпожарните возила и останатата опрема која што ја користат во интервенциите што ги спроведуваат.

Според Александат Гудев – Командир на ТППЕ Струмица, децата во градинката покажуваат голем интерес, што за нив е мотив повеќе, почесто да бидат меѓу нив.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.