Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичките матуранти се подготвуваат за „Матурскиот бал 2019-та“

Матурантите од средните општински училишта од Струмица, на 17-ти мај (петок) ќе бидат дел од овогодинешниот „Матурски бал 2019-та“. Балот ќе се одвива на плоштадот „Гоце Делчев“ точно напладне.

Струмичките матуранти ќе одиграат Квадрил по музиката на Штраус, заедно со матурантите од неколку градови од земјава, како и Европа.

Матурската парада почна да се организира во Љубљана во 2001-та година. Во Македонија првпат се одржа во 2007-ма година, во Скопје и Охрид. Официјалниот дел на парадата започнува со обраќање на градоначалникот и со заклетва за ненасилство од страна на матурантите

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.