Десет пожарникари од ТППЕ Струмица учествуваат на Меѓународна вежбовна активност за спасување од урнатини и поплави „Србија 2018“ која што се одржува во Младеновац, Република Србија. Нивното учество е во рамките на Републичките сили за заштита и спасување.
Како што истакна командирот на ТППЕ Струмица – Александар Гудев, учеството на вежбата е со цел да ги зајакнат капацитетите за подобра координација и спасување од сите природни катастрофи, кои можат да го зафатат регионот.
Вежбата ќе трае до 12-ти октомври и се одржува под покровителство на НАТО.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.