Православните верници традиционално се поклонуваат пред моштите на Св.Василиј Велики, кои од синоќа се изложени во црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Струмица.
Моштите секоја година се вадат за поклонение на верниците, по повод христијанскиот празник посветен на светецот Василиј Велики и Обрезание Господово.
Според преданијата, моштите на овој светец во Струмица биле донесени во 1830 година од Кападокија, од страна на војник од овие краишта, кој служел во војската на турската империја.
За моштите се верува дека се извор на исцеление, на посебно пројавување на Божјата моќ.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.