Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против П.М.(19) и В.А.(18), двајцата од село Куклиш, Струмица за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Првопријавениот прибавил банкарски податоци од платежната картичка сопственост на Б.К.. од Радовиш, по што на 23.03.2019 второпријавениот, ги употребил ваквите податоци, и во три наврати, преку интернет сервисот на „PaySend“, извршил пренос на пари на сопствената сметка.
По ова, на 24.03.2019 година од банкомат во Струмица, истиот ги подигнал паричните средства, и половина од износот му дал на првопријавениот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.