Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичанецот Јани Бојаџи доби награда за иновативност за филмот „Ругање со Христос“

Струмичанецот Јани Бојаџи доби награда за иновативност за филмот „Ругање со Христос“ во Монтреал, Канада. Филмот кој инаку е деби на режисерот Бојаџи, ја доби наградата на 42-то издание на филмскиот фестивал, кој се одржуваше од 23-ти август до 3-ти септември.

Инаку филмот е македонско-грчко-француска копродукција, чија светска премиера беше на 30-ти август во Монтреал.

„Ругање со Христос“ е актуелен по негативните реакции од страна на Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија и Министерот за култура Асаф Адеми кои, иако го изгледале само трејлерот – филмот го осудиле како скандалозен, без уметничка вредност и дека ги навредува чувствата на Албанците, бидејќи војниците на ОНА се претставени како насилници силувачи.

Филмот на Бојаџи беше поддржан од Агенцијата за филм на конкурсот во 2015-та година со 18 милиони денари, под работен наслов „Здивот на ангелот“, во продукција на неговата куќа „Орион Продакшн“. Бојаџи е продуцент, режисер, сценарист, монтажер и продукциски дизајнер на овој филм.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.