Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмичанец во полиција пријавил дека бил каснат од куче скитник

На 25.07.2019-та година во 22:10 часот во Полициската станица Струмица, А.Б.(79) од Струмица пријавил дека истиот ден во Струмица бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница. 

Пред два дена (24.07.2019-та година) во 13:15 часот во Полициското одделение Ново село и Ј.А.(67) од село Ново Село пријавил дека истиот ден во 12:30 часот во селото бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Проблемот со кучињата скитници на Југоистокот е се поголем, а како решение, веќе се работи на изградба на стационари за бездомни животни, во Струмица и Валандово, во кој се вклучени сите 10 општини од регионот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.