Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Е.Џ. (43) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“ при семејно насилство.
Имено, на 04.10.2018 година околу 18.00 часот во Струмица, во неговиот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга при што и нанел тешка телесна повреда. Потоа, истиот физички го нападнал и нивниот малолетен син, нанесувајќи му телесни повреди.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.