Денес беше објавен и видео спотот од Проектот „Промоција на туризмот и културата” финансиран од страна на Европската унија, а реализиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција 2014 – 2020.
Во видеото со кое Струмица треба да им се претстави на туристите како интересна дестинација за посета се прикажани едни од најзначајните локалитети во градот, опишан како природна дестинација на незаборавното, а целата кампања е креирана околу слоганот „Ѕвезда под небото“.
Спроведувањето на проектот се очекува да придонесе за подобрување на квалитетот на туристичките услуги во општина Струмица и јакнење на капацитетите на туристичките работници, вклучувајќи и невработени млади лица од Струмица, вмрежување и воспоставување партнерски односи меѓу локалните власти и локалните туристички чинители кои имаат за цел промоција на заедничките туристички знаменитости, природното и културното наследство на територијата на општина Струмица, како и промоција на заедничките туристички понуди.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.