Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмица ќе ја поддржи националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна

На 16-ти април 2019-та година (вторник), во периодот од 10 до 18 часот, „Сите сити“ повторно ја организира националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна.

Оваа априлска акција е посветена на Неделата на солидарност и ќе се одвива во 10 градови од земјава: Струмица, Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Радовиш, Гостивар, Кочани, Виница и Гевгелија.

Локацијата за собирање храна е Маркет „Здравец“ во Струмица, Бул. „Маршал Тито“ меѓу маркетите „Тинекс“ и „Црвена ружа“ во Струмица.

Се повикуваат сите хумани граѓани како и општествено одговорни компании и организации да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, кокошкина супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук. 

Собраната помош, како и донираните парични средства со кои ќе се обезбеди храна, ќе биде наменета за поддршка на семејства соочени со одреден социјален ризик. 

Иницијативата е поддржана и од „Црвен крст“ – Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.