Eвроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот Коста Јаневски, во канцеларијата на ЕУ во Скопје, потпишаа Меморандум за разбирање во рамките на програмата „ЕУ за тебе“ со кој и ќе се реализира проектот „Европска куќа“.
Целта на Европската куќа во Струмица е да креира простор каде што младите луѓе ќе се среќаваат, ќе учат, ќе се вмрежуваат и организираат настани, но и ќе се даваат информации за европските вредности, функционирањето на ЕУ, интеграцискиот процес и отворените европски фондови.
Европската куќа ќе биде отворена во просториите на поранешната аптека спроти општинската зграда.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.