Струмица денес доби и парк за миленици кој што се наоѓа во големиот градски парк.
Изградбата на паркот е резултат на успешната соработка на Општина Струмица со ЕВН, преку проектот „ЕВН волонтира“ кој во моментов го спроведува компанијата.
„Ова е еден проект кој што и нашите сограѓани го бараа во повеќе наврати, посебно љубителите на домашни миленичиња бараа еден простор кој ќе им овозможи да поминат убави моменти со своите миленичиња, а од друга страна пак оние кај кои што ваквите појави предизвикуваат вознемиреност би добиле поголема слобода на движење низ паркот“, изјави Градонаалникот Јаневски.
Проектот, кој на едно, одредено место за тоа ќе ги собере милениците истовремено ќе придонесе и за почист и поуреден парк, а со тоа и почиста и побезбедна средина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.