„Одделението за одржување и управување со јавно зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица изминатиов период активно работи на припрема на зелените јавни површини на територијата на Општина Струмица за пролетното хортикултурно уредување.
Освен тековната акција на засадување нови и обновување на постоечките дрвореди со висококвалитетни листопадни садници од сортата јавор, денес беше извршена подотовка на теренот на „Стариот кружен тек“ и „Паркот на бежанците“ за претстојното хортикултурно сеење.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.