Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Средното општинско училиште „Јане Сандански“ доби нова термичка фасада

Заврши поставувањето на нова термичка фасада на СОУ „Јане Сандански“ – Струмица. Овој проект е реализиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во соработка со општина Струмица и училиштето.

Во финансиската конструкција УСАИД учествуваше со 1.068.928 денари, а општина Струмица со 126.600 денари.

Поставувањето на новата термичка фасада е во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието која што опфаќа три компоненти, меѓу кои и стимул за училиштата – реновирање.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка во октомври минатата година меѓу општина Струмица, УСАИД, Македонскиот центар за граѓанско образование и училиштата вклучени во компонентата за реновирање и со реализацијата на овој проект, општина Струмица уште еднаш потврди дека иницира и ги поддржува сите проекти со кои што се подобруваат условите во основните и средните училишта.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.