Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Средношколци од Струмица по втор пат учествуваа на Иранската геометриска олимпијада

Учениците Дмитар Звонимир Митев од IV година и Димитар Џорлев од I година од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, зедоа успешно учество на 5-тата Иранска геометриска олимпијада. Тие се натпреваруваа во конкуренција со врвни и докажани математичари од над 50 земји од целиот свет.

Димитар Џорлев го оствари своето трето учество на оваа олимпијада на која минатата година освои бронзен медал. Тој оваа година беше меѓу најдобрите четири ученици од Македонија натпреварувајќи се во средно ниво, под менторство на професорот Петруш Џорлев, а Дмитар Звонимир Митев во напредно ниво под менторство на професорката Елена Лазарева. И двајцата добија сертификати и пофалници.

Минатата година Митев за првпат учествуваше на оваа Олимпијада, заедно со 1,200 натпреварувачи од целиот свет, каде се здоби со сертификат и пофалница – највисока награда на македонски ученик во напредното ниво.

На Олимпијадата учествуваше и струмичанката Верица Спасковска – ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“ – Струмица, која освои резултат прво место во средно ниво во Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.