Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Средношколци од Струмица обезбедија влез во финале на Светскиот ученички куп – им требаат 20 илјади евра за да дебатираат на „Јејл“

Осуммина средношколци од Струмичката гимназија „Јане Сандански“ обезбедија влез во финалето на големиот турнир на шампиони на Светскиот ученички куп, кој треба да се одржи во ноември на престижниот американски универзитет „Јејл“ во Њу Хејвн, откако претходно тие остварија голем успех на Глобалната рунда на Светскиот ученички куп во Барселона во јули, со што и го обезбедија својот флез во финалето. Сениорската селекција на Македонија беше составена од 11 тима по тројца ученика, кои дебатираа на англиски јазик на најразлични теми.

Тие од Барселона се вратија со 55 медали – 28 златни и 27 сребрени. На Глобалната рунда вкупно учествувале 400 тима од 57 држави.

Најголем проблем на средношколците да стигнат на „Јејл“ се финансиите, кои тие се обидуваат да ги добијат преку спонзорства. Нив им се потребни околу 15 до 20 илјади евра.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.