Минатата недела десеттина средношколци од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица учествуваа на младински камп во Охрид, на кој заедно со 60-тина ученици од 6 средни училишта од цела Македонија се запознаа со правата на учениците, дискриминацијата, средношколското организирање и креативниот активизам.
Кампот се одржуваше од 20-ти до 22-ри октомври и учениците учесници беа од различни етникуми. Кампот беше организиран од Македонски центар за граѓанско образование и USAID Macedonia во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието.
Учениците присуствуваа на предавања каде што се запознаа со содржини од областа на дебата и аргументирано изразување, ученички права, креативен активизам и средношколско организирање, како и на работилници каде што создаваа креативни слогани, цртежи и песни.
Тие имаа можност и сами да отворат дискусии, па заедно со своите врсници од цела Македонија разговараа на различни теми меѓу кои: спорт, јазик и интеграција, феминизам, ментално здравје и образование.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.