Под мотото „Спортуваме и се дружиме“ учениците и наставниците од училиштата „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле и „Маршал Тито“ од Муртино се споија во заедничка активност за меѓуетничка интеграција.
Целта на оваа акктивност е учениците да развиваат вештини за соработка и тимска работа со ученици од различна етничка заедница, пријателство и дружење меѓу себе и ставови за почитување на мислењето на другите, донесување заеднички одлуки, прифаќање на соученици од различни култури и етнички заедници и развивање почит и доверба кај другите.
Учество зедоа ученици од македонската и турската заедница од осмо и деветто одделение. Наставниците ги формираа паровите со мешан состав, машки и женски, од двете етнички заедници. На учениците им се даваа насоките за активноста на двата наставни јазика. При давањето на инструкциите учениците беа подеднакво застапени и наизменично беа користени двата наставни јазика.
По завршувањето на активностите на учениците им беа дадени и скромни подароци за освоените места.
Општина Струмица обезбедува финансиска поддршка за меѓуетничка интеграција во образованието на сите основни и средни општински училишта од општината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.