Во петок на 19.07.2019-та година, со почеток во 12 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 23-тата седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
1.Предлог-Статут за измена на Статутот на општина Василево;
2.Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за набавка на Специјално возило за собирање и транспорт на смет / Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5,5 м3;
3.Предлог-Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Василево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP);
4.Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Женски фудбалски клуб „Тиверија“, Струмица.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.