Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Советот на општина Василево ќе ја одржи 21-та редовна седница

Во четврток на 13-ти јуни, со почеток во 12 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи  21-та редовна седница, во просториите на Домот на културата.

За работа на Седницата предложен е дневен ред со 16 точки.

Дел од точките на дневниот ред се и Финансиски извештај на ЈП „Турија“ за првото тромесечје за 2019 година од 01.01.2019 до 31.03.2019 година; Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2019 година за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-1); Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-2); Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година (К-3); Предлог-одлука за пристапување кон измена на Статутот на општина Василево; Нацрт-статутарна одлука за измена на Статутот на општина Василево.

Сите точки од дневниот ред се објавени на официјалната страна на општина Василево, на следниот линк.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.