Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Советот на општина Василево ги донесе Програмите за наредната година

На 16-та редовна седница на општина Василево, на дневен ред беа Предлог-програмите за работа на општина Василево за наредната 2019-та година. Предлагачот, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во образложението што го даде, нагласи дека Програмите, кои како составен дел ќе бидат инкорпорирани во Предлог-Буџетот на општина Василево кој ќе се најде на дневен ред на следната седница, се правени во рамки на расположивите средства односно средствата кои се обезбедени. Според тоа, основниот Буџет за општина Василево изнесува околу 50 000 000 денари.

Во своето обрќање, Јанев истакна дека ова е направено со цел од една страна нереално да не се билдаат Буџетите и од друга страна да не се задолжуваат општините. Не е проблем доколку се обезбедат повеќе средства,  истите да се реализираат преку зголемување  и ребаланс на Буџетот.

Советниците ги  усвоија и  финансиските планови за 2019-та година на двете ООУ „Гоце Делчев“ – Василево и „Атанас Нивичански“ – Нова Маала, како и финансискиот план за 2019-та год. на ЈОУДГ „Прва радост“ – Василево.

Донесени беа и Одлуката за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2019-та година; Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П бр. 1765 во КО Василево вон г.р,; Одлука за утврдување на Комисија за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на ЈОУДГ „Прва радост“ – Василево и утврдување на поблиските критериуми за прием на деца и Одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот „Уредување на дел од индустриски зони во ЈИПР“, услов за зголемен економски развој преку изградба на Дел од улица 9 во индустриска зона Запад, Градашорци. Согласно оваа Одлука вкупниот Буџет за изградба на оваа улица изнесува околу 5.700.000 денари од кои 11% или околу  600.000 ќе биде сопствено учество на општината, а износот од околу  5.100.000 денари ќе се обезбедат од Бирото за регионален развој.

Наредната седница на Советот на општина Василево на чиј дневен ред ќе се најде Предлог-Буџетот за 2019-та година, претседателот на Советот ја најави за в сабота, 29.12.2018-та година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.