Советот на општина Струмица на 27.02.2019-та година (среда), во Домот на АРМ во Струмица со почеток во 11 часот ќе ја одржи 20-та седница со следниот дневен ред:
1.
Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за „Атмосферски
канал во село Габрово – Општина Струмица“
2. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за
„Фаза 2 на Улица со шеталиште во село Градско Балдовци – Електрична инсталација
и опрема“
3. Предлог – Одлука за усвојување на Анексот
кон Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето
на линискиот превоз на патници за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново
Село;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план
во областа вработување, домување, образование и здравство за периодот 2019-2021
година;
5. Предлог – Програма за дополнување на Програмата
за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019
година;
6. Правилник за организирање и реализација на
струмичкиот карневал; и
7. Информација за состојбата на јавната безбедност
и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Струмица за
периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.