Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

СОУ „Јане Сандански“ – Струмица со деветти традиционален новогодишен коцерт

Традиционалниот празничен и тематски концерт на учениците од СОУ „Јане Сандански“ е закажан за петок, 4 јануари од 19:00 часот на големата сцена во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица. Перформансот годинава ќе го носи името „One Way Ticket“.

Деветтото издание на нивниот новогодишно-божиќен концерт ќе биде во знак на најголемите хитови кои ги полнеле подиумите во минатиот век. Публиката ќе има можност да ужива во заразните диско звуци од ABBA, Bee Gees, Boney M и многу други изведувачи.

На концертот ќе настапат солисти, инструменталисти, хорски и танчарски групи под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова.

На 24 декември ќе биде пуштен во продажба ограничен број влезници по цена од 150 денари кои може да се набават во просториите на училиштето. Средствата од концертот ќе бидат наменети за обезбедување музичка опрема во кабинетот по музика.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.