Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

СОУ „Јане Сандански” дел од „Прославата на деновите на Зелениот Појас на Беласица”

Во рамките на настанот за „Прослава на деновите на Зелениот Појас на Беласица“, 24 и 25 септември, организиран од трите погранични места од Македонија, Бугарија и Грција, преку Бугарската Фондација за Биодиверзитет, Директоратот на Природниот Парк на Беласица, Вработените во Националниот Парк Керкини во Грција и Еколошкото Друштво “Планетум “ од Струмица, на 25. септември неколку ученици од трите средни училишта од Струмица ,СОУ “Никола Карев “, СОУ “Јане Сандански “ и СОУУД “Димитар Влахов “ како и ученици од градот Петрич од соседна Бугарија,беа на посета и разгледување на езерото Керкини, Грција.

Таму се запознаа со биоразновидноста и географијата на регионот и разменија искуства и планови за натамошна соработка на полето на еколошкото подигање на свеста и зачувување на околината и културното наследство.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.