Вкупно 200 килограми храна беа собрани на пунктовите во Струмица, во рамките на акцијата „Недела на солидарноста“ во организација на „Црвен крст“ – Струмица, во соработка со Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ – Струмица, како и „Сите сити“ од Скопје.
Хуманитарната акција беше организирана на 16 април (вторник) и во неа учествуваа 10 градови од земјава.
Од „Црвен крст“ упатуваат благодарност до сите граѓани кои ја поддржаа акцијата и донираа прехранбени артикли на 2 пункта во градот Струмица и тоа пункт 1 пред маркетот „Здравец“ до поштата и пункт 2 на булевар „Маршал Тито“ помеѓу маркетите „Тинекс“ и „Црвена Ружа“.
Собраната помош ќе биде поделена на социјално загрозени лица и семејства од струмичкиот регион.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.