Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Со свечена пригодност вечерва во Струмица ќе биде одбележан Светскиот ден на крводарителството

Вечерва (18.06.2019-та година) во Дом на АРМ – Струмица, со почеток од 19 часот ќе се одржи пригодна свеченост по повод 14-ти јуни, Светскиот ден на крводарителството.

На свеченоста, во присуство на градоначалниците на општините и другите приватни и општествени фактори кои го потпомагаат крводарителството ќе се доделат Благодарници и Признанија на најхуманите сограѓани – крводарителите.

Признанијата ќе се доделуваат на повеќекратните крводарители и посебно ќе се додели признание на крводарителот-мотиватор со најголем придонес во крводарувањето.

Од „Црвен крст“ – Струмица ги покануваат сите крводарители да се придружат во одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.