Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Со симулациона вежба за давање прва помош, во Струмица ќе се одбележи Светскиот ден на „Црвен крст“

ОО на „Црвен крст“ – Струмица, на 09-ти мај 2019-та година, ќе го одбележи светскиот ден на „Црвен крст“ (8-ми мај) со симулациона вежба за давање на прва помош и извлекување на повредени од возило при сообраќајна несреќа.

Вежбата ќе се одвива во периодот од 12 до 14 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ – Струмица.

Целта на оваа вежба, во партнерство со СВР Струмица и ТППЕ Струмица, е да се подигне свеста кај граѓаните за поголема безбедност во сообраќајот, за можните последици и начинот на спасување при сообраќајна несреќа.

Со оваа активност под мотото „Заедно за поголема безбедност“, „Црвен крст“ – Струмица ја отпочнува кампањата за неконзумирање на алкохол при управување на моторно возило за претстојните матурски вечери.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.