Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Со работилница против сексуално преносливи инфекции, опфатени и ученици од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица

Mладите едукатори од клубот на млади на „Црвен крст“ – Струмица, ја одржаа третата работилница во ООУ „Никола Вапцаров“. Со превентивното предавање и интерактивни работилници беа опфатени вкупно 22 ученика од 8-мо и 9-то одделение.

Работилниците за превенција од сексуално преносливи инфекции, се одржуваат во рамки на проектот „Здравје во заедницата – Врсничка едукација за превенција од сексуално преносливи инфекции“ поддржан од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Врсничките едукатори на „Црвен крст“ – Струмица за СПИ ќе одржуваат работилници за подигање на свеста кај младите за сексуално преносливи инфекци и несакана бременост.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.