Од денес, во клупите на СОУ „Јане Сандански“ седнаа 288 нови ученика, или вкупно околу 1000 во гимназиската и економската струка.
Учениците од прва година денес се запознаа со класните раководители и училиштето. Вкупно 183 од нив се запишале во гимназиско образование, а 105 ученици во економско образование.
Годинава во СОУ „Јане Сандански“ ќе бидат започнати неколку проекти од областа на екологијата меѓу кои промоција за селекција на отпадот, како и користењето велосипедот, како превозно средство до училиште.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.