По повод Денот на еколошката акција на младите – 21 март, на иницијатива на ученичката заедница од ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, беше реализирана МИМО активност со наслов „Оплеменување на училишниот двор со засадување на зимзелени дрвца и цвеќиња“.
Оваа активноста е дел од планот за МИО активности во училиштето, за кој беше обезбеден грант од општина Струмица за негова реализација. Општина Струмица е промотор на мултикултурното живеење и меѓуетничката интеграција во образованието и финансиски ги поддржува сите училишта во општината кои реализираат МИО активности.
Во активноста беа вклучени учениците од ученичката заедница и членовите на еколошката секција, заедно со наставниците по биологија и природни науки.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.