10 златни и 9 сребрени медали освоија тимовите на гимназијата „Јане Сандански“ од Струмица на финалето на Светскиот ученички куп, кој синоќа заврши на Универзитет „Јејл“ во Њу Хејвн, Конектикат.
Осумтемина ученици под менторство на професорките Верица Јанкова, Виолета Николова и Катерина Калева-Ташева успешно ги претставија и училиштето и Македонија со своите успеси, велат од училиштето.
Иако до пред два месеца патувањето во САД им беше неизвесно зашто немаа доволно пари, осумтемина ученици и нивните професорки од гимназијата „Јане Сандански“, сепак, успеаја и достоинствено ја претставија Македонија.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.