Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ситуацијата со детските градинки во Струмица е алармантна – ќе се прошируваат капацитетите за сместување

Ситуацијата со детските градинки во општина Струмица е алармантна – нема доволно капацитет за сместување за децата чиј број е над 1.200 а моментално капацитетите на сместување се за 590 деца. Ова беше главниот заклучок на денешната, четиринаесета седница на Советот на општина Струмица, на која вкупно имаше 46 точки.

Како што истакна Претседателот на Советот – Марјан Даскаловски, овој проблем итно треба да се решава. Тој вели дека од Министерството за труд и социјална работа веќе имаат издвоено финансиски средства за адаптација на детски градинки во населените места Куклиш, Муртино и Просениково.

Советниците го прифатија и предлогот на Претседателот Даскаловски – 50 илјади швајцарски франци кои се предвидени како грант за Советот, да бидат додадени во веќе издвоената сума во висина од 4 милиони денари од Буџетот на општината, за проширување на сместувачките капацитети во градинките.

Меѓу другото, на седницата беа усвоени и годишните планови и извештаи за работа на предучилишните, основните и средните училишта во општина Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.